Радио Милева

Трагичната судбина на иконата од филмот за возрасни „Длабоко грло“: „Со пиштол ме присилуваа да го снимам тоа!“

Трагичната судбина на иконата од филмот за возрасни „Длабоко грло“: „Со пиштол ме присилуваа да го снимам тоа!“

Во далечната 1972 година Линда Лавлејс се прослави во еден од најпознатите порно филмови на сите времиња „Далбоко грло“. Филмот за жената која сфаќа дека клиторисот и се наоѓа во грлото, ја направи ѕвезда, а набрзо стана икона на сексуалната револуција која ја обожава дури и славниот Хју Хефнер.

Нејзиниот живот сепак бил далеку од бајка. Родена е како Линда Бореман во строго католичко семејство, а мајка и често ја тепала, а со само 19 години родила дете кое морала да го даде на посвојување, пишува Телеграф.

Кога го запознава Чак Трајнор, својот прв сопруг, набрзо почнува да живее со него за да побегне од семејството, но ни тоа не и донело среќа. Тој станува насилен, а ја контролирал во толкава мера што морала постојано од него да бара дозвола за излез.

Токму првиот сопруг бил оној кој ја вовел во светот на порнографијата, а актерката подоцна открила дека ја тепал и ја терал да се проституира. Наводно со пиштол ја присилил на гупен секс со петорица, а тврдела и дека со слични методи ја терал да го снима и најпознатиот филм.

„Кога го гледате „Длабоко грло“ всушност гледате како ме силуваат. Злочин е што тој филм се прикажува, бидејќи цело време имав пиштол вперен во главата“, открива таа.

Во своите мемоари опишува како се однесувал кон неа:

-Ме третираше како пластична кукла. Ме продаваше на други мажи за пари. Се чувствував како ѓубре. Се согласував да снимам секс сцени за да не бидам убиена. Се закануваше на моето семејство, се плашев и за нивниот живот, пишува Линда.

Подоцна се поврзува со феминистичко движење и жестоко се противи на порнографијата.

-Не се срамам поради минатото, ниту тагувам поради тоа. Што и да мислат луѓето за мене, тоа не е вистина. Кога се гледам во огледало, знам што се проживеат, вели Линда во интервју од 1997 година.

Во 70-тите имаше проблеми и со дрогата, што доведува до нејзино апсење во 1974 година во Лас Вегас, кога е фатена со голема количина кокаин. Сопругот го напушта во 1975 година, и се мажи за Лери Марчиано и се повлекува од порно индустријата. Му раѓа две деца, но и нејзиниот втор брак завршува со развод.

По несреќата која ја доживува во 1970, преку трансфузија се заразува во хепатит Ц поради што во 1987 година има трансплантација на црниот дроб.

Иако филмот „Длабоко грло“ заработи повеќе од 600 милиони долари, Линда животот го завршува во сиромаштија. Од заработката не видела ниту пара, а екс-сопругот го земал дури и нејзиниот хонорар.

Починува на 53 години во 2002 година, кога доживува сообраќајка од која и немало спас.

 

To top