Иако има уште месец ипол до Нова Година и новогодишните празници, полека започнува еуфоријата околу доаѓањето на 2019 година.
Во одредени продавници и трговски центри може веќе да се видат новогодишни подароци, а туристичките агенции и ресторани веќе ги промовираат своите понуди за најлудата ноќ.
Декември е месецот кога сите се подготвуваат за 31 декември за доаѓање на новите предизвици, случувања, моменти во следната година.
Новогодишната атмосфера се уште не се чувствува во градот, но македонската пејачка и водителка Јана Бурче полека се подготвува за крајот на оваа година.
Имено, Бурче во кратките приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од својата новогодишна елка.
Очекуваме до крајот на годината и останатите јавни личности да ја покажат новогодишната атмосфера во својот дом.