Мајкл Бубле доби своја ѕвезда во Холивуд. 43-годишниот канадски пејач беше почестен со 2.650-тата по ред ѕвезда на Патеката на славните.
Во својот говор, познатиот музичар зборуваше за семејството и со своите зборови ја трогна Луисана, која не можеше да си ги задржи солзите.
„Колку подолго живеам, толку повеќе сфаќам дека љубовта не е бесплатна. Љубовта има голема цена. Колку повеќе сакаш, толку повеќе се повредуваш. Ѝ благодарам на мојата сопруга, не постои нешто што можам да го кажам кое може да опише што чувствувам за неа и низ што поминавме. Таа е мојот херој и мојата карпа“ – вели Бубле во својот говор.
„Моите деца кои ми дадоа цел во животот и ми ги направија ваквите денови уште послатки, бидејќи сега можам да разберам колку убави се добрите моменти“ – додава тој.
ВИДЕО:
https://www.youtube.com/watch?v=peKeM8lO0NI
Мајкл и Луисана се во брак од 2011 година и заедно имаат три мали деца. На нивното најголемо синче Ноа во 2016 година му беше дијагностициран рак на црниот дроб, но силното момче успеа да се избори со страшната болест.
Луисана го роди нивното трето дете пред три месеци.