Кралицата Елизабета II ниту на 92 години од животот не ги прпушта бројните и значајни кралски случувања и ги извршува сите должности, но дури ни годините не ја спречуваат да продолжи со своето омилено хоби – јавањето.
Наместо да пие чај на еден од раскошните балкони од својата палата, неодамна заедно со синот, принцот Едвард (54), отиде на јавање околу дворецот, облечена со темносина наметка и со марама на главата, пишува Дејли мејл.
Во една прилика изјави дека додека јава се чувствува како обичен човек.
Елизабета II е голем љубител на животните, а досега имала повеќе од 30 велшки корги, а нејзиното последно куче од оваа раса почина минатиот месец.