Анабела и Андреј Атијас околу 11 септември жесто се скарале, а потоа и физички се пресметале во нивниот стан во Белград, пишуваа тогаш српските медиуми.
Исто така се пишуваше дека парот одлучил да стави крај на нивниот брак. Меѓутоа, изгледа дека Анабела и Андреј одлучиле да ги остават немилите настани зад себе и да заминат на заедничко патување.
Имено, Андреј на својот „Инстаграм“ сподели фотографија и покажа како ужива со Анабела во Ровињ.
„Поздрав од Ровињ“, напиша Андреј во описот на фотографијата.