Радио Милева

Соседите од селото распалија по Дарко Лазиќ: „Глумеше тука некој шериф, како вистински мафијаш“!

Соседите од селото распалија по Дарко Лазиќ: „Глумеше тука некој  шериф, како вистински мафијаш“!

Додека пејачот Дарко Лазиќ (27) се уште се бори за живот, екипата на магазинот ВИП го посети Бресрач, неговото родно место и ја искористија приликата да дознаат што мислат мештаните за нивниот познат сосед. Иако Дарко го прослави тоа мало село, мештаните не се баш благодарни. Напротив, велат дека многу помирни тој да не живее таму. Некои од анкетираните велат:

-Дарко се „поѕвезди“ откако победи во „Ѕвездите на Гранд“. Пред тоа беше само момче кој со татка си настапуваа по кафеани. Беа едно скромно и сиромашно семејство се додека Дарко во 2009 година победи во музичкиот натпревар. Тогаш буквално се смени целото семејство, вели еден од соседите, а друг додава:

-Секако дека се молиме. Тој е млад и греота е за детето кое го има. Жал ни е што таа брзо живееше. Овде во селото се зборува се. Велат дека поради онаа бившата Ана западнал во долгови. Велат дека сакала да живее живот на висока нога и имала големи барања, кои сакала да и ги исполнува. Велат и дека го изневерувала со некој од пејачите. Не знаеме ние ништо, но тоа се зборува, вели соседот.

pulsonline.rs

Една од две баби кои не сакале да се фотографираат велат:

-Бил дрогиран кога се судрил. Гледате ли што му прават парите на човекот?, велат бабите,а друг господин бил уште побрутален:

-Што да ви кажам за него? Тој глиуми шериф тука, како вистински мафијаш. Вози со моторот 200 на час на едно тркало. Со автомобилот јури и остава трагови како на трка. Редовно гази и кокошки…Никој ништо не му може. Вози без дозвола, има врски секаде. Сите му се плашат. Татко му е ист, во фирмата каде работеше крадеше бензин. Сите по тоа го паметат. Цело семејство е такво, никој не ги сака и никој не се дружи со нив, без задршка одговара уште еден од соседите.

To top