Фудбалот е најчесто поврзан со машкиот род, а фудбалерите се најголемите ѕвезди во рамките на спортот, па така често пати се занемарува фактот дека активен дел од најважната споредна работа на светот се и жените.
Марјана и Јулија се девојките кои дриблаат како Меси, даваат голови како Роналдо, а изгледаат како светските топ модели како што се Адријана Лима или Емили Ратајковски, на пример. Фудбалерките од фудбалскиот клуб „Драгон“ се соблекоа пред објективот на камерата на најпопуларниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“.
Наместо на терен, ги видовме во студио, на фотосесијата на нашиот познат уметнички и моден фотограф и режисер, Дарио Јанковиќ.
Доказ дека овие девојки се добри и на терен и пред објкетивот се овие фотографии како и видеото што можете да го погледнете подолу.
Покрај тоа што изгледаат совршено, дефинитивно знаат и со топката…
А пред камерите покажаа и како би изгледало кога девојките во женскиот фудбал по примерот на нивните машки колеги, би си ги менувале дресовите по завршувањето на натпреварот!
И после се’, кој тоа вели дека жените не се добри во фудбал?