Радио Милева

Најубавиот принц на светот стана манекен и остана без кралскиот живот (фото)

Најубавиот принц на светот стана манекен и остана без кралскиот живот (фото)

Принцот Николај од Данска многумина го сметаат за најзгоден принц на светот.

Иако има само 19 години и дури е седми во линијата наследници за данската круна, тој е еден од најпопуларните членови на данското кралско семејство.

Неодамна стана манекен, а веќе го ангажираа големи модни куќи како Диор и Барбери. Принцот се навикнува на животот како манекен, а на лондонската модна недела чекореше рамо до рамо со супермоделот Кара Делевињ.

Николаиј во манекенството го поддржуват и родителите, а неговиот татко, принцот Јоахим одлучи дека синот нема да ушествува на кралските случувања, но нема да добива ниту џепарлак од кралската каса. Единствени пари кои ќе ги добива од родителите се оние за студирање.

 

View this post on Instagram

 

Look one @Dior Prince Nikolai of Denmark ! One for my mother who was Danish RIP ❤️

A post shared by mrkimjones (@mrkimjones) on

Младиот принц по два месеци обука се откажа од војска, а неговиот татко го поддржа и во тоа. На Николај многу позабавно му е да патува низ светот, отколку да живее кралски живот.

To top