ТВ презентерката Татјана Стојановска годинава прослави годишнина од почетоците на својата кариера на телевизија, деновиве го прослави својот 44-ти роденден, а сега своите следбеници и обожаватели ги изненади со нешто ново.
Имено, пред да стане презентерка Татјана Стојановска се натпреваруваше за Мис на Македонија во 1992 година и триумфираше на првиот самостоен избор за убавина во нашата земја, токму оттука претставувањето на убавината и моделството за неа не се непознати.
Таа деновиве стана заштитно лице на еден бренд за женски крзнени бунди, а фотосесијата снимена во природа ја објави на својот профил каде доби доста комплименти за приложеното.
Еве како изгледа Тања во улога на модел:
фото:facebook/ PURE by Andrijana L.V.