За пејачот Александар Тарабоунов, надвор од музиката, знаеме дека одлично готви, секогаш е позитивен и насмеан, обожава да се вози со својот велосипед, но и да се одржува во топ форма.
Иако не е од оние што сакаат да се фалат со мускулите по социјалните мрежи, Тара е доста посветено момче, кое за својот изглед има ангажирано и фитенес тренер и тоа не еден туку двајца.
Едниот од нив е Сергио Спасов, додека другиот е атрактивната фитнес инструкторка и кошаркарка Едина Муса, открива пејачот во описот на објавите.
Тара на својот Инстрам објави куси видео снимки од тренингот и наедно откри кои се неговите лични тренери што се грижат тој да биде во совршена топ форма.
Откако заврши со тренингот, така полн со енергија Александар замина да настапи на концертот за Никола Бадев, а со тоа заокружи едно исполнето секојдневие.
Инаку, периодов најновата песна на Александар Тарабунов насловена „Би те одбрал само тебе“, е хит на ТВ и радио станиците.