Принцот Чарлс го прослави 70-от роденден, а по тој повод излезе неговата биографија.
Во книгата осамнаа бројни детали од приватниот живот на Чарлс, а најинтересен е секако неговиот љубовен живот.
Медиумите веќе 40 години пишуваат за љубовниот живот на принцот Чарлс, а двете најважни жени во неговиот живот беа неговата сопруга- принцезата Дијана и Камила Паркер.
Сепак, принцот бил заљубен во една жена пред Дијана и Камила, дури ја запросил. Нејзиното име е Аманда Кнатчбул, а била внука на лорд.
Иако Чарлс и Аманда биле роднини, лордот сметал дека таа е идеална прилика за идниот британски крал.