Бившиот сопруг на Гоца Тржан, кому пејачката не сака ниту името да му го спомене, не излезе од реалните шоуа. расправии, скандали, заведувања, секс, затруднувања, оставања… сето ова го следи Иван Маринковиќ со месеци, па дури и години.
Овој пат во вилата на реалното шоу „Парови“ се врати Ирма Серјаниќ, како што самата кажа, само со една единствена цел – да го уништи Иван! Како што е познато, тие двајца имаа бројни несогласувања, а овој пат Ирма е тука за да му ги соопшти шокантните информации на Иван за неговата сестра Теодора.
„Ја видов сестра му на Иван,Теодора, како проси на улица. Таа ја користи целава ситуација само за да добие материјална помош“ – тврди Ирма.