Родителите на Дарко Лазиќ, Бранка и Милан се плашат дека нивниот син среде апстинентната криза може да крене рака сам на себе, па затоа одлучиле да ангажираат луѓе кои ќе дежураат 24 часа пред болничката соба.
„Милан и Бранка се загрижени откако дознаа дека некој се обидел да внесе дрога во болницата, па одлучија работите да ги превземат во свои раце“, вели извор близок на семејството на Дарко и додава:
„Семејстовото Лазиќ разговараше со директорот на болницата на Земун и побараа целодневно чување на Дарко. Тие се загрижени дека може да си додаде недозволени супстанци и дека среде кризата може да си го одземе животот. Директорот се обиде да ги смири, објаснувајќи им дека се сериозна институција велејќи дека околу Дарко секогаш има медицинско лице, но и дека нивното барање е невозмоно. Немаат доволно средства да некој од вработените да биде чувар и обезбедување, вели изворот.
Како што објаснува изворот тие одлучиле сами да ангажираат обезбедување.
„ Негова обврска ќе биде да го чува Дарко и да ги спречи дилерите да влезат во неговата соба. Исто така ќе треба да се грижи пејачот да не ги исклучи апаратите што значи да си го одземе животот“ вели изворот.