Едната од најубавите актерки на светот, Моника Белучи, позната е по својот стил и својата убавина кои ги негува со години.
Таа е како виното, колку е постара толку е подобра, а и денес важи за една од најзгодните жени.
Заштитен знак на Моника и беше нејзината црна коса, но изгледа дека дојде време за промени.
Имено, Моника објави фотографија на која нејзината коса е скратена и руса.
Моника нагласи дека оваа промена е поради снимањето на новата серија, а многумина фанови и напишаа дека изгледа прекрасно.