Британската кралица Елизабета II пронашла полжав во салатата, а потоа покажала дека има одлична смисла за хумор кога ќе посака. Откако пронашла полжав во салатата, 92 годишната кралица, извадила лист од книгата за коментари, која ја користи за давање повратни информации за јадењата во палатата и го замотала внатре полжавот и напиша порака до готвачот:
-Го најдов ова во салатата – можете ли тоа да го јадете?, пишувало во пораката, пренесува Дејли мејл. Според новата книга Dinner at Buckingham Palace, кралицата ги бира оброците од листата предлози кои во кожна книга и ги доставува куварот Марк Фланаган.
Поранешниот кувар Дарен Мек Греди за CNN вели дека на кралицата не и пречи што јаде, но не сака ориз или компир. Кога е сама кралицата јаде риба на жар со зеленчук или салата, но има една слабост:
„Таа е чокохоличарка“, вели Мек Греди.
„Но мора да биде темна чоколада, што потемна, тоа подобра. Не сака млечна или бела чоколада, открива готвачот.