Радио Милева јавна превентива

Миа Костова појасни уште пред да ја прашаат, зошто е таму каде што е? (ФОТО)

Миа Костова појасни уште пред да ја прашаат, зошто е таму каде што е? (ФОТО)

На најгледаниот естраден ТВ магазин од зад сцената, „Бекстејџ“ по враќањето на ТВ сцената се подобро му оди! А со него и на неговата главна водителска перјаница, Миа Костова. Откако повторно е на ТВ екраните, таа е постојано во фокусот на вниманието на ТВ публиката, а со самото тоа и на останатите медиуми.

За нејзе се пишува, говори, објавува, шпекулира… многу нешта или поточно се’ и сешто. И она што е и она што не е! Особено „скокотлив“ за јавноста е приватниот живот на водителката, која многу често и самата е изненадена од „своите постапки и однесување“… Се разбира, кои не ги направила, а и ги „ставаат на товар“ на личноста!

Затоа Миа реши да сврти лист, па смени тактика. Отсега ќе ги известува „љуботните душегрижници“ за се’, уште пред  тоа да го направи.

А првото следно што требаше или мораше да го направи, беше рутински здравствствен преглед во една од најпознатите скопски приватни клиники.

И за после да нема: Опаааа… мора да е трудна или: Ахаааа… пак ќе прави пластика... Или не дај Боже: Попуштила, па на терапија е кај психијатар… и сл. атрактивната русокоса уште од чекалната испрати фотографија со назнаки и појаснувања. Спокојно, онака рутински, од чиста култура… Колку за да нема забуни, на „што третман“ е водителката!?

To top