Писателката, и однеодамна актерка Ава Карабатиќ, игра во филм кој ќе биде прикажан на Загрепскиот филмски фестивал.
Се работи за кусометражна проекција, за чија приказна е задолжена писателката Хана Домазет, а филмот е насловен „Тина и Сенди“.
Она што е најинтересно е дека Ава ја игра поранешната порно актерка Алекс Вајлд.
„Задоволство е да ја играм оваа улога, која не е главната, но е многу важна“, изјави Ава за порталот “Ало!”
Многумина мислеа дека филмот изобилува со нејзини голи сцени, но спротивно на тоа – Карабатиќ е закопчана до грло.
„Добив можност да бидам она што никогаш не сум бил, а злобните јазици наголемо зборуваа дека сум токму тоа“- вели Ава и искрено додава дека со задоволство би се испробала во еротски сцени.
„Јас ќе се согласам на еротски сцени, немам ништо против луѓето кои се во порно индустријата, но мислам дека тоа не е за мене“ – изјави атрактивната убавица.