Радио Милева

Јакната на Мајкл Џексон продадена за 298 000 долари

Јакната на Мајкл Џексон продадена за 298 000 долари

Легендарната јакна на Мајкл Џексон која ја носеше на својата соло турнеја „Bad“ е продадена на аукција во Њујорк за 298 000 долари, трипати повеќе од очекуваното.

Станува збор за легендарната јакна  на Мајкл Џекосон која на грбот ја потпиша со сребрен, траен маркер и која ја носеше на турнеја 1987 до 1989 година.

По црвено-црната јакна од спотот „Трилер“ што во 2011 година беше продадена за 1,8 милиони долари, јакната од „Bad“ е едно од најлегендарните парчиња облека од покојниот музичар.

Јакната ја продал бизнисменот Милтон Верет заедно со уште 100 предмети од својата збирка на рокенрол предмети.

To top