Меланија и Доналд Трамп беа во официјална посета на Франција за да бидат дел од одбележувањето на стогодишнината од крајот на Правата светска војна.
48-годишната прва дама на САД изгледаше префинето во темен комплет од Ботега Венета и црни салонки од Кристијан Лобутан. Црните ракавици и модерната интерпретација на француската пунџа беа силни компоненти во стајлингот на Меланија.
65-годишната француска прва дама беше облечена во сини креации од нејзиниот омилен бренд – Луј Витон.
Додека со Доналд заминуваше од Белата куќа, Меланија изгледаше шик во кариран мантил од Барбери и чизми од Кристијан Лобутин.