Радио Милева

Ова се ќерките на Горан Бреговиќ, Ема, Лулу и Уна, а сите три имаат различна религија (фото)

Ова се ќерките на Горан Бреговиќ, Ема, Лулу и Уна, а сите три имаат различна религија (фото)

Еден од најпознатите музичари на светот, Горан Бреговиќ потекнува од Сараево, пееше „Југославијо, на нозе…“ живее во Париз, го сака Белград и секогаш му се враќа.

По татко е Хрват, а по мајка Србин, сопругата му е муслиуманка, а трите ќерки имаат различна вероисповед. Од гледна точка на сопругата и негова – тоа е избор на нивните наследнички.

FOTO: PETAR DIMITRIJEVIĆ / RAS SRBIJA

-Моите деца кога беа мали за време на Бајрам беа муслимани и добиваа подароци, за време на Божиќ и Велигден беа христијани, бидејќи и тогаш добиваа подароци. Сега веќе не знам што слават. Мислам дека само средната, која сега е во пубертет – е будист. Тоа секако не ни пречи. Моите деца ќе бидат Французи, макар што сакаат да доаѓаат во нашите краеви и имаат другарки тука. А за сопругата и за мене е доцна, ние двајцата секогаш ќе си бидеме наши, вели Брега пред неколку години во интервју за „Блиц“, кој ги има ќерките Ема, Лулу и Уна. Едната е муслиманка, другата будист, а третата ја има православната вероисповед.

FOTO: RAS SRBIJA

На прашањето во кој дух ги воспитува ќерките, без задршка тој вели:

-Вие треба да им овозможите на децата да имаат слобода на избор, кога бираат да бидат свесни што бираат. Им ја оставам слободата дали ќе бидат религиозни или не, завршува Горан Бреговиќ.

To top