Многумина од нас имаат различни навики за кои другите може да мислат дека се невообичаени, па таков е случајот и со членовите на кралското семејство.
Кралицата Елизабета не е исклучок, па нејзиното секојдневие е полно со чудни навики.
1.Никогаш не патува без пакување со својата крв
Со неа секогаш оди тим на доктори кои се грижат за нејзиното здравје. Освен тоа, должни се во секој момент да знаат кои болници се најблизу, а со себе секогаш носи голема медицинска торба во која се наоѓаат инструменти за итна медицинска помош. Покрај тоа, докторите со себе носат пакување со крв на кралицата ако во случај и треба трансфузија.
2.Во палатата е забрането отварање на прозореци
Секако тоа не се однесува на сите прозороци туку на оние кои се напред од палатата. Преоритет е палатата во секој момент да изгледа перфектно, а отварањето на прозороците може да го наруши тоа.
3.Кралицата не поднесува коцки лед
Кралицата не го поднесува звукот кои го предизвикуваат коцките лед.
4..Секогаш има невообичаен предмет во нејзината чанта
Додека поголем број од дамите во своите торби носат огледалца, шминки, кралицата Елизабета домот никогаш не го напушта без еден предмет. Станува збор за специјално дизајиниран држач за чанта на кој може да се прикачи торбата
5.Не сака да види брада кај мажите
Додека голем број од жените брадата кај мажите ја сметаат за машкост, кралицата Елизабета мисли дека тоа е многу иритатно.
6.Секоја нејзина комбинација има реден број
Секоја нејзина комбинација има реден број со кој е означена во која прилика ја носила.
7, Никогаш не јаде супа и компири
Овие намирници се наоѓаат на менито на палатата, но никогаш нема да бидат послужени доколку е пристувна кралицата. Вработените никогаш нема на кралицата да и послужат супа, а што се однесува до компирот мисли дека не е добар за нејзината диета.
8. Обожава малини, но никогаш не ги јаде во јавност
Малините се омилено овошје на кралицата, но никогаш нема да ја видите да ги конзумира во јавност. Поради семките кои можат да се заглават меѓу забите, за кралицата тоа би било неприфатливо.