Српската фолк дива Цеца Ражњатовиќ ја наполни виенската „Пирамида“ во саботата, на 10-ти ноември, а таа покрај со своите хитови, фановите ги почести и со сериозна трансформација кога е во прашање нејзиниот изглед!
Имено, Цеца се појави во комплетно провидна кошула под која имаше градник во боја во нејзината кожа, нејзината коса беше собрана, а во неа вметната плетенка каква што никогаш претходно не носела.
Фотографиите и снимките ги преплавија со голема брзина социјалните мрежи и интернет медиумите, а обожавателите беа воодушевени од промената што како што велат, и тоа како ја подмладила пејачката.