Радио Милева

Трагедија во Белград: Позната манекенка и водителка изврши самоубиство

Трагедија во Белград: Позната манекенка и водителка изврши самоубиство

Манекенката и водителка Марија Чуриќиќ (25) изврши самоубиство денс во својот стан кој се наоѓа во општината Савски венец, пишува српски Блиц.

Според неофицијални информации, безживотното тело на девојката е пронајдено обесено во нејзиниот стан. Марија беше манекенка, заштитно лице и водителка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Curcic (@__chocomuffin__) on

Студирала односи со јавност на Универзитетот Џон Незбит, а станува ТВ лице на 17 години. Во светот на манекенството е од својата 16-та година и од тогаш има снимено голм број реклами, спотови, а беше заштитно лице на некои белградски клубови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Curcic (@__chocomuffin__) on

Марија е родена во Белград, а има корени од Конго. Имено, нејзината мајка е од Конго, додека татко и од Србија.

-Мојот дедо беше амбасадор и ја запознал мојата баба која исто така е Србинка, така настанала и мајка ми, раскажа неодамна Марија, која во едно интервју спомена дека и било доста тешко во детството бидејќи била поинаква од другите деца.

To top