Пред речиси три недели српскиот пејач Дарко Лазиќ доживеа тешка сообраќајна несреќа по која беше итно пренесен во болница во Земун.
Пејачот беше шест дена во кома, а животот му беше во опасност.
По излегувањето од кома се следи здравствената состојба на Лазиќ, а пејачот досега беше и двапати опериран.
Во медиумите многу често се објавуваат вести за здравствената состојба на пејачот, а новинарите од соседеството често се пред болницата во Земун од каде што се трудат да добијат повеќе информации.
Некои од нив ја откриваат здравствеанта состојба, некои шпекулираат со изјави од наводно извор близок на семејстовото.
Овие редовни написи за пејачот дефинитивно не и годат на Ина МногуФина, која овојпат не беше толку фина, па на својот Фејсбук “распали“ за постојаните написи за познатиот пејач.
„Кој е тој Дарко Лазиќ за кој знаеме до детали како се опоравува, само јас ли не го знам, од друга планета ли сум?Шмркал бела прашкаста материја и ја ставал на забите, забар ли е?100 вести дневно има за него пулицере свака част“, напиша Ина МногуФина.
По оваа објава твитерџиката започна постојано да пишува објави за Дарко со хештаг #ИздржиДаре сакајќи да покаже дека има премногу вести за оздравувањето на познатиот пејач.
фото: принтскрин