Радио Милева

На Тамара Тодевска и „пукна филмот“: „Сега ќе ве пријавам, каде ќе ви оди душата“!

На Тамара Тодевска и „пукна филмот“: „Сега ќе ве пријавам, каде ќе ви оди душата“!

Уште од стартот на есента и почетокот на студениот период, сите се соочуваме со загадувањето кое за жал воопшто не е некое изненадување.

Дали е виновен овој или оној, јасно е дека сите треба да бидеме загржиени на ваквата алармантна состојба и заеднички да се потрудиме околу проблемот. Отворена е телефонска линија на која граѓаните може да пријават загадување, а една од оние кои го направија тоа е пејачката Тамара Тодевска.

Имено, како и минатата година кога најзагадените денови ги мина во родниот град на сопругот, Гевгелија, Тамара и сега го направи истото.

Но кога- тогаш мора да се врати во Скопје, а уште на пат кон дома и „пукна филмот“ од огромните облаци од чад кои ги сними на влезот од градот и го пријави загадувањето на службите.

-Се јавив на 193! Човекот беше изненадно пријатен и фин…Рекоа дека веднаш ќе пратат инспекции. На влезот на Скопје имаше минимум 5,6 места со црн чад. Јас не знам тие луѓе што палат и каде ќе им оди душата!!! – напиша Тамара.

фото:инстаграм

To top