Мегафон

Desonanz 2017 во Скопје

Desonanz 2017 во Скопје

Егзотичните Damien Dubrovnik, со локална поддршка од String Forces и Vedis, на скопската публика ќе и приредат уникатно концертно доживување овој петок (осми декември) во Македонската филхармонија.

Во соработка со фестивалот Таксират, деветтото издание на Desonanz 2017 во Скопје го носи несекојдневниот проект, Damien Dubrovnik, на двајца од најпрославените модерни композитори во современата музика и сопствениците на културниот феномен и издавачка куќа poshisolation од Копенхаген, LokeRahbek и ChristianStadsgaard. Настапите во живо на DamienDubrovnik се легендарни не само поради техничката перфекција на звучниот дизајн во нивната музика, туку и по нивните луцидни сценски перформанси и неверојатната харизма која ја носат на сцена.

Публиката ќе има можност да го проследи и ексклузивниот проект на македонските етно џез експериментатори StringForces (во комплетен состав). Специјалниот аудиовизуелен перформанс насловен “Копај подлабоко” ќе понуди подлабок осврт на опусот на StringForces, со особен акцент на нивните музички експерименти подалеку од популарната музика, како и неколку уникатни, подлабоки и психоделични верзии на препознатливите хитови.

Вечерта ќе ја отвори Vedis, електроакустичниот проект на Klaraкоја вооружена со својот глас и неколку инструменти ќе ја одведе публиката на магично аудио-визуелно патување.

„Десонанз“ е годишен фестивал кој истражува и експериментира со културните стандарди на мултимедијалната уметност, но и границите на колективната естетика.

To top