Хрватската пејачка Нина Бадриќ неодамна ја прекина свршувачката со нејзиното момче, Тино Брал.
Нина и Тино беа во врска една година, а потоа тој ја побара за сопруга на едно патување на Малдивите. Меѓутоа, изгледа пејачката го променила мислењето, па на својата рака повеќе не носи свршувачки прстен.
Меѓутоа, на „Инстаграм“, Бадриќ споделува фотогорафии од себе, но и познати цитати и мисли, па упати неколку моќни пораки.
„Кога ќе врне дожд, бидете нечие сонце“, напиша Нина која потврди дека е слободна.
Таа објави и друга мисла која вели „Ништо на сила, ни обувки, ни луѓе“ објави Бадриќ на социјалните мрежи.