Дарко Лазиќ кој доживеа тешка сообраќајна несреќа полека оздравува, но му се заканува и затворска казна.
Во медиумите се проширија вести дека пејачот возел без возачка дозвола, но и дека бил пијан.
„Таа ноќ кога излетал од патот Лазиќ возел со брзина 150 км на час поради кои ќе добие 4 казнани поени, ќе мора да плати казна од 10 до 20 000 динари. Тој возел без возачка дозвола, со што ќе добие уште 14 казнени поени. Меѓтутоа, тоа не е се, него го чека и парична казна од 100 до 120 000 динари или 15 до 60 дена затвор“ вели извор за „Ало“ и додава:
„Дарко од 2013 година има околу 12 пријави и сите се речиси слични. Последните пет години често вози, а му беше одземана и возачката дозвола. Најголем дел од прекршоците му се за брзо возење и возење без возачка дозвола. Дарко неколку пати возеше и нерегистриран автомобил“ вели изворот.
Сите прекршоци на Дарко
- 11 2013 возење автомобил со истечена регистрација
19.03. 2015 надвор од Белград во ненаселно место возел 80км на час што е повеќе од дозволено.
20.04. 2015 возење без возачка дозвола
22.05. 2015 возење под забрана
07.07.2015 возње под забрана и без возачка дозвола
11.08.2016 неправилно паркирање
22.11.2016 во местото Умчари возел 20, 30 километир побрзо од дозволеното во тоа место.
26.11 2016 полицијата му пишала казна за неправилно паркирање на аеродромот во Белград.
7.12 2016 казнет е 15 000 динари и 1500 динари бидејќи не сакал да каже на кого припаѓа автомобилот кој е регистриран на негово име, а кое поминало на црвено на семафори.
18.12.2017 неправилно паркирање
17.04 2018 за возење без возачка дозвола и брзо возење
23.10. 2018 возење без возачка дозвола и брзо возење