„Куче пукало со ловечка пушка во ловџија од Пробиштип“ – објавија пред некој ден на вестите на еден скопски национален ТВ Канал. Засега нема информации зошто кучето посегнало по оружје, бидејќи откако е приведено во шинтерница, се брани со молчење, а исто така одбива да даде изјава и за медиумот кој ја објави веста.
Молчат и од медиумот… Засега никој оттаму не се огласил зошто колегите од останатите медиуми „наголемо лаат“ за веста со кучето од Пробиштип? Ама во оваа земја тоа е… Секој може да си игра телевизија, па на нивните вести кучињата „пукаат“, колегите џабе ќе „лаат“, а Каналот… ќе си врви!