Радио Милева

Осигурувањето нема да му плати на Дарко Лазиќ: Заради алкохолот и дрогата во крвта премијата од 65.000 евра е неважечка

Осигурувањето нема да му плати на Дарко Лазиќ: Заради алкохолот и дрогата во крвта премијата од 65.000 евра е неважечка

Како што пишуваат српските медиуми пред неколку години Ана Севиќ уплатила осигурување за себе, Дарко и ќеркичката Лорена. Кога од осигурителната куќа слушнале што се случило со Дарко, тие ја контактирале Ана  и ја поканиле на состанок.

Со оглед на фактот дека во медицинскиот извештај е наведено дека кога незгодата се случила нивото на алкохол во крвта на Дарко било повисоко од 1,39 промили, а, исто така, се најдени и недозволени опојни супстанци, тие и рекле дека премијата со парите не може да се плати. Износот што би го добил Лазиќ е околу 65.000 евра – изјавил за српски “Ало!”, извор блиок до поранешниот пар.

Инаку, како што пишува српски “Ало!”, кој наводно екслузивно дознава од извор близок до полицијата, Дарко Лазиќ покрај фактот што шест години возел без дозвола, има и над 50 сообраќајни  прекршочни казни, дела за кои никогаш не одговарал.

 

To top