Дарко Лазиќ утрово во 7:30 повторно е однесен во операциона сала. Како што пренесува „Ало“, на пејачот денес ќе му ја оперираат ногата.
Пејачот требаше вчера да биде опериран, меѓутоа операцијата се одложи за денес.
Семејството на Дарко Лазиќ и неговата девојка утрово пристигнале во болница, а во близина на едно кафуле очекуваат вести од пејачот.
„Операцијата беше итна, бидејќи не можат да бидат сигурни дека повредата на ногата сама ќе заздрави“ вели извор за „Телграф“.