Победничката на „Задруга2“, Киа Коцкар е дел од жирито на „Пинкови ѕвездички – ал стар“.
Поради здравствени проблеми Киа не присуствуваше на снимњето, па на нејзино место во црвената столица седна Александар Цветковиќ, познат како Сале Тропико.
Во претхондите сезони, Сале беше дел од жирито на „Пинкови ѕвездички“, а сега пред снимањето на емисијата истакна дека е возбуден што повторно ќе се дружи со талентираните деца.
„Нема да го менувам својот начин на жирирање, добрите работи не се менуваат. Драго ми е што повторно сум со екипата.Гледам дека е променет составот, но сите се познаваме многу добро. Очекувам да биде фантастично“ изјави Александар.
За потсетување, на Коцкар и е откриен тумор на градата, а пред некој ден и беше направена операција.