Поп ѕвездата Саша Ковачевиќ отвори ресторан во Нов Белград, а во него вложи повеќе од милион евра.
Меѓутоа, бидејќи најголем проблем бил персоналот, односно добри готвачи и келнери тој одлучил да го „одврзе ќесето“.
„На Саша најважно му беше да најде добри готвачи, па гостите освен во одлична атмосфера да можат да уживаат и во храна со висок квалитет“ открива изворот за „Ало“ и додава:
„Ковачевиќ вработи пет готвачи, а како што слушнав нивната плата е 1000 евра. Што се однесува до келнерите и останатиот персонал платата е до 500 евра. Во ресторанот ќе има 30 вработени не сметајќи ги надворешните соработници. Најде и искусни менџери кои ќе му ја водат работата“ вели изворот.