Радио Милева

По скандалот со голите фотографии се огласи Северина и откри зошто се повлече

По скандалот со голите фотографии се огласи Северина и откри зошто се повлече

Пејачката Северина Којиќ помина вистинска голгота неодамна кога во јавност се појавија експлицитни фотографии на кои наводно е таа.

Се уште не е утврдено дали фотографиите се автентични или не, но тоа доста ја погоди Севе која се повлече од јавноста.

Но, за тоа имаше сосема друга причина. Имено, Северина вредно работеше на новиот албум кој го заврши и ги извести своите фанови на Инстаграм:

-Прекрасно е да се подели со вас ова чувство дека го завршив снимањето на слбумот. Благодарам на сите кои ме поддржавте, со нетрпение чекавте и пишувате кога ќе биде, но песните секогаш го бараат своето време, не јас. А на песните не може да им се лутите. Особено не на овие кои ги снимав… На албумот ќе има осум песни „Као“, „Отрове“, „Мртав без мене“, „Туроријал“, „Унапријед готово“, и „Магија“, како и седум нови песни. Наскоро… За десет дена ќе биде објавен датумот на излегувањето на албумот, напиша Северина.

To top