Радио Милева

Дејан Миличевиќ раскажа дека освен мозочниот удар му се случило уште нешто многу лошо по здравјето

Дејан Миличевиќ раскажа дека освен мозочниот удар му се случило уште нешто многу лошо по здравјето

Познатиот режисер Дејан Миличевиќ неодамна ги загрижи своите најблиски, пријателите,соработниците со фотографија од болничката соба од одделението за мозочни удари.

-Доживеав транзиторна глобална амнезија, наречена ТГА синдром, кој претставува тотално губење на паметењето на одредено време. Во мојот случај тоа траеше 12 часа, вели Дејан.

-Тоа утро најнормално станав од кревет, појадував и почнав со работните задачи. Кога дојде време за ручек, како и обично тргнав кај мајка ми која живее во близина. На пат нанаму одеднаш застанав и не знаев каде се наоѓам. Го земав телефонот и го повикав мојот монтажер,и му кажав дека не знам каде се наоѓам и не знам каде треба да одам. Му беше јасно дека нешто не е во ред, но ми објасни каде да одам, што и направив. Свесно дојдов до станот на мајка ми, заѕвонив, влегов, седнав на софата и реков: „Помогни ми, јас на ништо не се сеќавам“ Не успеав да и објаснам што се случува, се сеќава Дејан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dejan Milicevic (@dejan_milicevic) on

-Повика брза помош, со оглед на тоа дека нормално се движев и разговарав, ме упатија кон Ургентен центар, ја продолжува приказната додавајќи дека другиот ден почнал да доаѓа на себе, а според неговите зборови дури тогаш следела агонијата бидејќи не можел да се сети на претходните 12 часа.

-Најголемиот стрес за мене беше кога мајка ми ме гледаше во болничката постела и се нервираше. Таа ме одгледа и се грижеше за мене кога татко ми на свои 20 месеци ме напушти. Сама ми беше и мајка и татко. Се бореше како лавица. Не сакам никогаш да пати поради мене и тоа беше дополнителен мотив да станам на нозе и да се опоравам. Мојата мисија е да ја штитам нјзе, а не таа да се грижи за мене, завршува Миличевиќ.

 

To top