Водителките Миа Костова и Милена Антовска-Станковска беа гостинки во последната емисија од новата 10-та сезона кај Жаре Димитриоски.
Колешките имаа доста да кажат во врска со професијата и приватноста, а пак Жаре не пропушти да ја потпраша до детали Миа за новите силиковски гради кои ги има.
Па така Миа на Жаре јавно му раскажа колкава е вистинската големина на нејзините гради, а за да биде појасно ги според со градите на Јелена Карлеуша и кажа дека нејзините се една величина помали.
Ја откри и цената на корекцијата за која вели дека чини 4 илјади евра, а пак Жаре се пошегува дека е 2 илјади по града.
На почетокот од емисијата, кога се поздравуваа, Миа сакаше да го бакне Жаре двапати како поздрав, но нему му беше доволен само еден бакнеж од атрактивната русокоса.
А зошто..?
Бидејќи веројатно сакаше да и врати.
Имено, уште во бекстејџот Жаре сакаше да сподели бакнеж со Миа, но таа на тоа му возврати со шлаканица, а тоа изгледаше вака:
фото:printscreen youtube