Британскиот „Икс-Фактор“ вчеравечер е прекинат пред да почне гласањето за настапот на учесникот Дени Тетлеј, кој поради технички причини звучеше како робот.
Додека тој пееше „Who wants to live forever“ од групата „Квин“, зад него пишуваше „Се извинуваме на привремените аудио грешки“. Проблемите траеле околу 10 минути, а престанале по рекламниот блок, за чие време веројатно е пронајдено решение. Потоа на профилот на шоуто на социјалните мрежи се наполни со коментари од гледачите.
https://www.youtube.com/watch?v=wTryCVLA3F0
-Вечерашното гласање е прекинато. Во утрешната емисија повторно ќе биде отворено“, порачаа продуцентите и најавија дека ќе се потрудат да го најдат проблемот, а наедно се извинија.
Дени по настапот плачеше, а освен неговиот упропастен беше настапот и на Ентони Расел.