Кога Марко Маринковиќ –Слаткар подготвува нова песна и спот, тогаш сигурно има добро смислена и разработена тема која оригинално ќе и ја претстави на публиката.
Досега тоа го покажа и докажа многупати, што стана негов препознатлив печат од својата и музичката индивидуалност која ја промовира како „Слаткаристика“.
Овој пат преку една фотографија на Инстаграм ја заинтригира јавноста. На прв поглед има променет изглед, од брадата до новата фризура и очилата во боја.
Сепак позадината покажува нешто многу повпечатливо, особено за машките очи.
View this post on Instagram
New single coming soon…#legalizeit #amsterdam #redlightdistrict #iwantagethigh
Имено, Марко се фотографираше пред излогот на „Улицата на црвените фенери“ или популарно наречената Red light district во Амстердам. Иако во описот дополни дека новата песна наскоро доаѓа, не додаде дали пред жешкиот црвен изглед само се инспирира или тековно снима и нов спот.
Инспирација или нешто друго, на Сања сигурно не и било сеедно.