Познатиот пејач Владо Георгиев „удри“ по колешката Дара Бубамара откако таа во емисијата „Ексклузивно“ изнесе што мисли за него.
-Горда сум на соработката со сите, освен на Георгиев кој е смрдеш од човек. Тој беше еден обичен тонец во студио кај Кона и Копац и дека е среќен што воопшто добил прилика да работи со ѕвезда како мене. И тогаш едвај дочека да дојде во емисија и да плука за мене и да се срами што работел со мене, вели Дара во емисијата „Ексклузивно“.
Сега се огласи и Владо на социјалните мрежи, не сакајќи да и остане должен на Дара, па и тој не се воздржа од навреди кон пејачката.
-Дара Бубамара е прасе. Малку безобразно прасе. Турбофолк прасе. Полн ми е куферот од овие „задругари“ и лошотии кои пораснаа во 90-тите, а живеат во ова скандалозно братство, напиша Владо на Твитер, но тоа не му беше доста, па уште еднаш напиша:
-Океј Дара Бубамара е едно обично лажливо прасе. И смрди на пот. Океј?, дополни Георгиев.
До каде ќе оди оваа војна, останува да видиме, но како што почнала очигледно е дека ќе продолжи уште пожестоко.