Кристиано Роналдо е обвинет за силување на 34 годишната Катрин Мејорџ која тврди дека во летото 2009 година Роналдо анално ја силувал во апартман во хотел во Лас Вегас и дека за тоа и платил да молчи.
Девет години по наводното силување, случајот повторно е отворен, а Роналдо тврди дека неговата совест е чита.
-Целата оваа приказна влијае на нормалниот живот, секако. Имам партнерка , четири деца, мајка која е во години, сестра, брат и семејство со кое сум многу близок, вели Роналдо.
View this post on Instagram
-Ми ја нарушува репутацијата, но горд сум. Замислете некој да ве обвини за нешто такво како силување. Вистината еден ден ќе излезе на виделина. Сите кои сакаат да ме прикажат како силувач и од мојот живот прават циркуз, сите ќе видат… заклучува славниот фудбалер.
фото:инстаграм