Ози Озборн морал да ја прекине својата американска турнеја бидејќи добил инфекција која можела да заврши фатално.
Во еден момент Ози забележал дека палецот почнал да отекува и морал да се обрати на лекар, пишува магазинот Rolling Stone.
Кога сопругата го однела во болница, се покажало дека е заразен од стафилокока. Тоа е бактерија која предизвикува рани инфекции од такви на кожата, па се до тешки болести како сепса, воспаление на белите дробови, синдром на токсичен шок, менингитис…
View this post on Instagram
-Не се чувствував лошо, па почнав да се шегувам, а лекарот му кажа дека имам сериозен проблем и да не се шегувам, вели пејачот. По темелниот преглед со анестезија му била извршена интервенција на палецот и средниот прст , а по неколку дена поминати во болница сега е на домашно боледување.
фото:инстаграм