Турската актерка и манекенка Џенер Хиндистан во една емисија во живо призна дека е во врска со Мустафа Сандал, поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ.
Во емисијата „Друга страница“ призна дека е во врска со Мустафа, а потоа го кажа своето мислење за Емина.
„Не познавам жена која не може да не го сака Мустафа“, изјави Џерен во емисијата.
„Бидејќи тој не сакаше да два изјави, медиумите вршеа притисок врз мене. Почнавме да разговараме преку друштвените мрежи, а потоа започнавме врска. Понекогаш треба да го искористиме благодетот на социјалните мрежи. Не сакам да влегувам во деталите на пораките, тие се приватни. Можно е се уште да има чувства кон Емина, заедно поминале 10 години и имаат две деца“, изјави манекенката и истакна дека верува дека Емина и Мустафа ќе останат пријатели.
„Секако дека ќе се видат. И мислам дека нема многу лесно да ја заборави, но тоа не ме вознемирува. За него, Емина е посебна личност. Таа е мајка на неговите деца и жена во која се заљуби и ожени“, вели девојката на Мустафа.
За потсетување, Емина и Мустафа заедно имаат две деца, а по разводот секој тргна по својот пат, па така и Јаховиќ е врска со турски милионер.