Радио Милева

Омер од „Вљубениот ерген“ не се откажува од актерството ама започнува нов бизнис

Омер од „Вљубениот ерген“ не се откажува од актерството ама започнува нов бизнис

Турскиот актер Бариш Ардуч реши да се проба во нова работа. Имено, познатиот актер и модел, стана сопственик на ресторан во Истанбул, пишуваат турските медиуми.

За што поуспешно да го води својот ресторан, актерот наводно добива совети од своите пријатели и колеги кои исто така се сопственици на ресторан.

Актерот со овој потег се придружи на многу познати турски личности кои се пбробаа во овој сектор, како што се Туба Бујукустун, Бурак Озчивит, Еркан Петекаја и многу други.


Инаку, последниот филмски проект на кој работеше Бариш, беше филмот „Време за среќа“ со кој глумеше заедно со колешката од „Вљубениот ерген“, Елчин Сангу.

Деновиве се пишува дека Ардуч снима нов филм, но деталите за истиот засега се непознати. Освен тоа турскиот убавец периодов ги краси рекламните кампањи на спортскиот бренд „Њу баланс“.

фото:instagram

 

To top