Победничката на првата сезона на реалното шоу „Задруга“ Кристина Киа Коцкар ја сними својата прва песна „Не се враќам на старо“ во дует со женскиот состав на „Министерки“, по што следеше заедничка турнеја низ регионот.
Иако Киа и „министерките“ имаа многу настапи заедно, се чини дека нешто меѓу нив не штима и тргнало наопаку!?
Имено, Кристина Дениќ, една од членките на гореспоменатата вокална група на социјалната мрежа Инстаграм, ги објави постовите во кои публиката ја прозива Киа со негативни коментари.
Набргу потоа, таа постираше порака, за која се претпоставува дека е инспирирана од целата ситуација, со што јасно даде до знаење дека меѓу неа и Коцкар постои отворена нетрпеливост! Дали тоа значи и крај на приказната за Киа и „Министерки“?