Радио Милева кумашинот на саша поповиќ

Јашар Ахмедовски распали по колешките: „Оној што знае да пее, нема потреба гол да се слика“ (ФОТО)

Јашар Ахмедовски распали по колешките: „Оној што знае да пее, нема потреба гол да се слика“ (ФОТО)

Фолк легендата Јашар Ахмедовски ретко се појавува во медиумите, иако би можел да не се симнува од малите екрани доколку сака, зашто негов кум е, ни помалку, ни повеќе туку Саша Поповиќ.

„Не ми се допаѓа многу да се појавувам во јавноста, и многу работам. Понекогаш спојувам и по две недели да работам без прекин. Ако некој праша дали сме со Сале добри – да! Сè е во ред. Но, не сакам да  користам никого, особено не кумот Кога ќе можам, ќе дојдам“, вели Јашар и продолжува:

„Нашето пријателство започна кога Саша почна да свири со Лепа Брена во „Слатки грех“. Сале секогаш ми беше симпатичен и како човек и како музичар. Потоа направи пауза, па ја  основа “ЗАМ продукција” и јас отидов кај нив. Минавме заедно пет – шест години, и откако решив да се женам за мојата долгогодишна девојка, сакав Сале да ни биде кум. Се разбира, бидејќи ми беше добар пријател, а не затоа што е директор на ЗАМ или сега “Гранд” – објаснува Јашар кој со својата сопруга Снежана е од неговата 19-та година.

И додека Јашар не сака да се промовира во медиумите, Дара Бубамара или Северина во истите речиси секојдневно пласираат целосно голи фотографии.

Јашар смета дека ова го прават намерно.

„Сигурно тоа го прават намерно. Сакаат да привлечат внимание. Оној кој знае да пее и кој е талентиран, мислам дека нема потреба од тоа… Но, од друга страна, времињата се такви. Луѓето сакаат да видат како изгледа нивниот идол гол. Немам ништо против тоа, ако некоја има што да покаже, нека го покаже“ – рече Ахмедовски.

Фото: А. Налбантјан

To top