Радио Милева

Тажната приказна за момчето кое на Меган Маркл и подари ѓердан од тестенини

Тажната приказна за момчето кое на Меган Маркл и подари ѓердан од тестенини

Меган Маркл на австралиската турнеја доби бројни подароци, но за време на посетата во Мелбурн посебно ја развесели уникатниот моден додаток, ѓердан од тестенини кој и го подари шестгодишно момче, пренесуваат британските медиуми.

Меган пред неколку дена во мноштвото деца забележала едно момче кое држи натпис:„Ти направив ѓердан“. Му се доближила и со широка насмевка го прифатила подарокот и без двоумење го стави околу вратот.

Гавин ѓерданот го направил од тестенини кои ги обоил во златна нијанса и ги нанижал на обична врвка.

Приказната и фотографијата го обиколија светот, а обожавателите предложија Гавин да продолжи да ги изработува и да ги подарува.

Момчето тоа не го сакало, но кога неговата мајка го советувала од парите од продажбата да ги донира во хуманитарни цели, како што прават Меган и Хари, тој се согласил.

Мотивацијата била загубата на неговата помала сестра, која е родена како мртвородена пред четири години, што многу го погодило целото семејство.

-И тој помина низ загубата со нас и сака да им помогне на другите кои се нашле во слична ситуација, вели неговата мајка.

Со помош на татка си момчето има интернет страница на која се наоѓаат неговите изработки кои ги продава за 20 долари. Уште од првиот ден се продадени 18.

 

To top