Јавноста е запрепастена од ужасните информации кои се појавија во медиумите.
По тешката сообраќајна несреќа која ја доживеа пејачот Дарко Лазиќ во вторникот, се очекува негово закрепнување. Лазиќ повеќе не е животно загрозен, но и понатаму е во вештачка кома за да му закрепне организамот од тешките повреди.
Ова случување веќе пет дена е во центарот на вниманието во сите балкански медиуми, па дел од нив пренесоа ужасни информации дека пејачот им подлегнал на повредите и дека умрел.
Во врска со ова, неговата кумата Андреана Чекиќ се огласи на друштвените мрежи поточно на Инстаграм и го објави следново:
„…Постојат медиуми кои што шират гнасни лаги како подлегнал на повредите. Ги молам сите добри луѓе да не веруваат во тоа и заедно да продолжиме да испраќаме позитивни мисли за негово што поскоро закрепнување. Се заблагодарувам на оние кои на својата работа и пристапуваат професионално.“