Македонската поп пејачка со руска душа досега сме ја виделе во разни изданија! Воглавно – културни! На сцена, на спотови, на реклами, во приватниот живот… Убавината и сексапилот на Викторија Лоба никогаш не и недостасувале, но колку и да имало случајна или намерна провокација во нејзините изданија, таа секогаш била во функција на работата и граници на пристојноста.
Летотото 2018-то замина иако во костец со есента времето се уште добро се држи, па Лоба реши да се потсети на убавите денови минати на прекрасниот грчки остров Санторини.
Спомените оттаму ги евоцираше во кус видеоклип што самата го „скоцкала“, па дури и самата пее во музиката која оди како фон во снимката! Или барем така звучи… Ама настрана тоа, не е ни така важно.
Поважно е она што убавата блондинка, го прави во истото. А во него Лоба танцува… И тоа на себесвојствен начин! На моменти свртена со грб, со заводливи движења на задникот, пејачката покажа уште една своја вештина на умеењето.
Сега, што би рекле кафеански настроените фолкери, сите видовме Лоба како умее да „меша“… Додека пак оние, „новите дечки“ од помодерната „сајбер“ генерација ќе речат дека сега дознавме Лоба како тверка!
Како и да се земе и едните и другите се во право! Секси движењата со посочениот долен дел на телото се исти… Само поинаку се викаат… пардон, нарекуваат! Што не ни така важно. Важно, дека е… за машала!