Ако пред неколку години модното блогерство кај нас беше само хоби, денес нештата се прилично променети.
Пример за тоа е струмичанката Љупка Митрова која за кратко време успеа влијателно да се наметне кај публиката.
Денес, ја знае речси секој, а дополнително за тоа придонесе што е млада мајка со две прекрасни ќеркички, а стана и девојка на кумановецот Дарко Петковски-Спејко кој победи во „Големиот Брат“.
View this post on Instagram
Љупка неодамна најави дека ќе отвори и сопствена продавница каде ќе продава свој дизајн на женска облека, а следбеничките со нетрпение ги очекуваат нејзините модни прачиња.
Деновиве за порталот Убава.мк, Љупка зборуваше токму за нејзиното влијание на социјалната мрежа, но откри и дека зад самоуверената жена која ја претставува, се крие и нешто поканва индивидуа.
View this post on Instagram
-И оваа самоуверена жена што се крие позади фотографија, знае тивко да заспие на перница со солзи во очите. Оваа убавата Љупка од Инстаграм знае да застане пред огледало и на себе да си пронајде безброј маани, знае да облече првото парче што ќе и излезе пред очи и отиде по своите ќерки во училиште. Љупка е емотивна и сигурна сум дека секој во некој момент го прочитал тоа на одредена моја фотографија. Позади секоја моја фотографија уште добро се сеќавам во какво расположение сум била, секоја фотографија има своја приказна, зошто инстаграмот зафати период од мојот живот кој се засноваше на многу промени, вели актактивната струмичанка.