Радио Милева

И пред седум години Дарко Лазиќ имал слична сообраќајка: Милица Тодоровиќ откри детали за несреќата со пејачот

И пред седум години Дарко Лазиќ имал слична сообраќајка: Милица Тодоровиќ откри детали за несреќата со пејачот

Пејачот Дарко Лазиќ и Милица Тодоровиќ пред седум години имале тешка сообраќајна несреќа кога автомобилот им се превртел три пати и удрил во „банкина“.

Пред седум години патувале на закажен настап, а поради врнежливото време и влажниот коловоз Дарко ја изгубил контролата на автомобилот.

Кога закочил, автомобилот се превртел трипати и удрил во „банкина“, а имале среќа што на патот немало друг автомобил.

„Верувам и сигурна сум дека Дарко ќе се извлече бидејќи и е борец и од овој проблем ќе излезе како победник. Точно е дека имавме сообраќајка пред седум години. Три пати ни се приврте автомобилот и удривме во „банкина“, но за среќа поминавме без гребнатини“, вели пејачката.

За потсетување, во вторникот Дарко имаше тешка сообраќајна несреќа и пејачот е во вештачка кома во болницата во Земун.

To top